Улицата „Ванчо Прке“ во населбата Втори Реон во Делчево ќе се реконструира со средства од Декадата и Стратегијата на Ромите.
Општина Делчево денеска ја објави јавната набавка за реконструкција на улицата во должина од 223 метри, а за која се обезбедени парични средства во висина од 2.300.000,00 денари без вклучен ДДВ од комбинирани извори и тоа: од Владата на Република Северна Македонија согласно with Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година наменети за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите и врз основа на склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу Министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија и градоначалникот на Општина Делчево. Владата на Република Северна Македонија доделува 1.428.074,00 денари на Општина Делчево, а Општина Делчево учествува со парични средства во износ од 871.926,00 денари без ДДВ обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2022 година.
Јавно отворање ќе се одржи на ден 12.09.2022 година во 9:00 часот.
Со реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“ ќе се реши актуелниот проблем со оштетеноста на коловозот и ударните дупки, а ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на учесниците, како и квалитетот на живеење на населението од ромска, македонска и турска етничка заедница која живее на улицата и во овој дел од нaселбата.