Реализирани кампањите „Безбедно лето 2022“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

  • News

Во соработка со Регионалниот центар за гранични работи – Исток и ПС за ГП и ГН „Делчево“ и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево на подрачјето на ПС за ГП и ГН Делчево, беа спроведени низа активности за одговорно учество во сообраќајот, во рамки на кампањите на МВР  „Безбедно лето 2022“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ со што беше одбележан и почетокот на новата учебна година.

Целта на овие активности беше да се подигне јавната свест кај возачите и да се стави акцент на безбедноста на децата во сообраќајот преку почитување на ограничувањата на брзината на движење низ населените места, каде ученици активно се движат кон училиштата.

Едно од овие училишта е Подрачното ООУ „Ванчо Прке“ кое се наоѓа во близина на магистралниот пат А3 во селото Ѕвегор, а тоа, воедно, е и првото населено место по влезот во нашата држава од Граничниот премин Делчево. Во ова училиште на учениците од прво до петто одделение им беше одржано едукативно предавање за безбедно движење од дома до училиштето и им беа подарени материјали со едукативна содржина од областа на сообраќајот.

Активностите се одвиваа на одредени локации по должината на магистралниот пат А3 до ГП Делчево, каде беа извршени контроли на возачите и им беа врачени летоци со апел за одговорно учество во сообраќајот и почитување на ограничувањата на брзината низ населените места посебно во близина на училиштата, а акцентот беше ставен на транзитните возила.

 Во рамки на активностите на Граничниот премин Делчево и на Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ од страна на Општинскиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата Делчево му беа предадени едукативни материјали од областа на сообраќајот кои ќе им бидат врачени на возачите кои влегуваат во нашата држава преку овој граничен премин.

Материјалите се обезбедени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Shares