Одржана 14 Седница на Советот на Општина Делчево

Советот на Општина Делчево денеска ја одржа 14 редовна Седница на која се расправаше и се донесоа одлуки по 17 точки од предложениот Дневен ред.

Пред советниците беше образложен Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2022 година за период од 01.01.2022 до 27.07.2022 и Одлука за проширување на Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;

Советниците ја усвоија Одлуката за кофинансирање на Општина Делчево за пренасочување средства од буџетската сметка по проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ согласно со Договорот за заем од Еропската инвестициска банка. Станува збор за кофинансирање од страна на Општина Делчево во висина од 3.591.977 денари со ДДВ, односно до 20 % од вкупната вредност на Договорот во случај да се јават дополнителни и непредвидени работи. Кофинансирањето од Општината се однесува на проектот „Реконструкција на дел од дистрибутивната мрежа во градот Делчево-зона Ново Делчево, зона-Милково Брдо и зона Потисен цевковод. Согласно со завршената тендерска постапка за реализација на овој проект се потребни 18.845.168 ден со ДДВ.

Советниците донесоа: Одлука за давање согласност на Правилниот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево; а го усвоија и Годишниот извештај за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2021/2022; Дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2022 година; Одлука за заверка на Детален урбанистички план донесен со Одлука бр.09-170/1 од 29.01.2022 година; Дополнување на Програмата for поставување урбана опрема на територијата на град Делчево за 2022 година;

 Советниците го усвоија Извештајот за јавната безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево за првото полугодие од 2022 г., според кој во областа на криминалитетот се регистрирани вкупно 29 дела што е намалување од 50,8% во споредба со истиот период од минатата година. Во споредба во област на јавниот ред и мир се карактеризира намалување на бројот на прекршоците за 5,8% во однос на истиот период лани. Намалување од 27% има и во областа на патниот сообраќај. Вкупниот број сообраќајни незгоди во првите 6 месеци од годинава е 16 од нив 9 се со тешки последици, со помала материјална штета се 7 и 1 сообраќајна незгода со едно загинато лице.

Локалниот младински совет доби двајца нови членови: Јована Стојанова од ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Моника Стојанова од ЛК СДММ Делчево.

Советот на Општина Делчево даде согласност на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Брегалница“ за регулиран период од 2022-2024 година согласно со која цената:

за домаќинства за регулиран период 2022-2024

за 2022 година тарифата изнесува 37.13 денари/м3 (без ДДВ)

за 2023 година тарифата изнесува 39.53 денари/м3 (без ДДВ)

за 2024 година тарифата изнесува 40.69 денари/м3 (без ДДВ)

за правни лица за регулиран период 2022-2024

за 2022 година тарифата изнесува 62.00 денари/м3 (без ДДВ)

за 2023 година тарифата изнесува 65.62 денари/м3 (без ДДВ)

за 2024 година тарифата изнесува 67.14 денари/м3 (без ДДВ)

Also, Советот на Општина Делчево даде согласност на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2022-2024 година, согласно со која цената :

за домаќинства за регулиран период 2022-2024

за 2022 година тарифата изнесува 13.09 денари/м3 (без ДДВ)

за 2023 година тарифата изнесува 13.82 денари/м3 (без ДДВ)

за 2024 година тарифата изнесува 14.06 денари/м3 (без ДДВ)

за правни лица за регулиран период 2022-2024

за 2022 година тарифата изнесува 22.64 денари/м3 (без ДДВ)

за 2023 година тарифата изнесува 23.09 денари/м3 (без ДДВ)

за 2024 година тарифата изнесува 22.92 денари/м3 (без ДДВ)

Shares