Советот на Општина Делчево денеска ја одржа 18 Седница на која се расправаше и се донесоа одлуки по 22 точки предложени на Дневниот ред. Општина Делчево за учебната 2022/23 го зголемува бројот на ученички стипендии за одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, од предвидените 8 на 11 стипендии. Ова се предвидува во усвоените Измени на Одлуката за доделување ученички стипендии од втората категорија, на предлог на Комисијата и со образложение дека на листата апликанти 4 ученици имаат исти бодови согласно со критериумите.
Советот на денешната Седница го усвои Извештајот на реализација на Програмата за социјална заштита во 2022 г, согласно кој Општина Делчево издвоила 6,38 милиони денари средства за реализација на мерки, проекти и активности: парична помош и обезбедување посебни мерки и услуги за социјална превенција и заштита за одредени категории лица и хуманитарни пакети, општинско-корисна работа и јавни дејности,детска заштита и стимулативни мерки за ученици и студенти, трансфери до НВО и спортски здруженија.
Советниците го усвоија Правилникот за утврдување на начинот, условите, критериумите, постапката за доделување на еднократна парична помош; Извештајот за реализација на Програмаand за одбележување настани и кутурни манифестации за 2022 година and Програмаand за одбележување настани и културни манифестации за 2023 година; Извештајот за реализација на Програмата за комуникација со јавноста и промоција за 2022 година на Општина Делчево, as well as Програмаand за комуникација со јавноста и промоција за 2023 година на Општина Делчево, која е трета програма во Општината која е родово сензитивна. Советниците дадоа позитивно мислење на програмите за изведување екскурзии во РСМ на двете основни училишта и на Полугодишнiot извештај на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2022/2023 година.
На денешната Седница е усвоена и Програмаand за уредување градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2023 година, as well as Програмаand за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во Општина Делкчево за 2023 година; Програмата за работа на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2023 година; Акцискиот план за намалување на последиците од Ковид 19 кај ромската етничка заедница во пост– КОВИД период на локално ниво-Општина Делчево со период на имплементација 2023-2024, Заеднички Локален акциски план на Општина Делчево и ромската заедница со период на имплементација 2023-2026;
Исто така, советниците ја поддржаа и Decisionand за отуѓување на ИТ– опрема за преземање, транспорт и третман на електронски и електричен отпад на овластена компанија; Одлукаand за расходување компјутери, компјутерска опрема и елетронски отпад на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.