Вонредна седница на Советот на Општина Делчево: 120.000 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

На иницијатива на градоначалникот Горан Трајковски денеска Советот на Општина Делчево одржа Вонредна седница на која беше донесена Одлука за доделување парична помош од Буџетот на Општина Delchevo за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Советниците едногласно ја поддржаа Одлуката со која од Буџетот на Општината ќе се издвојат 120.000 денари кои ќе се распределат по 60.000 денари на двете земји. Средствата ќе се уплатат на солидарниот фонд на Црвениот крст на РСМ.

Shares