„Чиста вода за Делчево-спортуваме и донираме“-низа настани по повод Светскиот ден на водата

  • News

Делчево се подготвува за одбележување на 22 Март, Светскиот ден на водата. Годинава под слоганот „Чиста вода за Делчево- спортуваме и донираме“  околу 300 ученици ќе се вклучат со најразлични активности со цел да се подигне свеста за значењето на чистата вода за пиење и да се потенцира значењето за Делчево на проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“, финансиски поддржан од Швајцарската Влада, но и да се сврти вниманието кон хуманоста и да се помогне на оние на кои им е потребна помош.

Оваа година за првпат, покрај другите содржини, е предвидено да се организира и „спонзор трка“, односно трка во која натпреварувачите трчаат и за секој поминат километар добиваат надомест (награда) која потоа ќе биде донирана на децата со посебни потреби. Бизнис- секторот веќе се вклучи во донирањето, но можноста за донирање ќе биде отворена и во текот на самиот настан,

Дојдете, бидете дел од настанот и доколку сте во можност донирајте.

Секоја Ваша поддршка е добредојдена.

Ајде да го одбележиме Светскиот ден на водата и преку игра и спорт со поттикнување на младите да бидат спремни со својот труд да помогнат некому, да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно!

Стартот на трката со сите други содржини е пред Општина Делчево во 11:30 часот.

Донациите ќе бидат јавно објавени.

Швајцарскиот консултант на Проектот (ЕБП), покрај обезбедување на наградите за децата вкучени во настанот, за спонзор трката ќе донира двојно од средствата собрани во Делчево.

Во настанот се вклучени ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прке“, Детската градинка „Весели цветови“, ОО на Црвен крст-Делчево, Дневен центар за лица со посебни потреби, а организацијата е на Општина  Делчево, ЈКП „Брегалница“ и Проектот за подобрување на  водоснабдувањето во Делчево.

Shares