Со еколошки акции одбележан Денот на пролетта

  • News

Првиот ден од пролетта, 21 Март, одбележан со екоакции во училиштата, но и пролетно разубавување на градот.

Учениците од ООУ „Ванчо Прке“ заедно со двете подрачни училишта во село Ѕвегор и село Габрово го чистеа училишниот двор од отпадоци, собираa лисја, ги чистеа спортските терени и зелени површини. Во состав на овие активности, посадија и млади садници кои are подарок од ЈП „Македонски шуми“ одружница Делчево со што are збогати училишнiot двор со нови дрвца. Екосекцијата со учениците од деветто одделение организираа едукативна промоција на ековредностите: чист воздух и чиста вода за пиење и пренесоа пораки за заштита на животната средина и природните ресурси, а во настанот се вклучија и ликовната и литературната секција.

Акции за чистење на училиштето организираа и учениците од СОУ „М.М.Брицо“. Тие го чистеа училишниот двор, но и училниците, спортската сала и конгерсната сала, додека учениците од ООУ „СВ.Климент Охридски“ ќе засадуваат свеќиња, ќе го чистат училишниот двор, а се подготвуваат за посебна програма со која сакаат да го одбележат и Денот на пролетта и Денот на водата.

Традиционално по повод Денот на пролетта се врши и пролетно разубавување на градот. Екипи на ЈКП „Брегалница“ засадуваа пролетни цвеќиња и садници. Денеска се засадија 1.000 цвеќиња и 30 садници јасен на новата тревна површина кај пешачкиот мост „Гоце Делчев“. Акцијата за засадување цвеќиња продолжува и наредните денови и планирано е да се засадат уште 3.000 цвеќиња на јавните површини.

Во изминтатите неколку денови, PCE Bregalnica интензивно работеше на расчистување на јавните зелени површини, а со градежна механизација и со засејување трева се изврши уредување на просторот кај новиот пешачки мост на површина од 3000 м2. Нова тревна површина се подготвува и од другата страна на кејот на реката Брегалница.

Shares