Во Делчево се заловуваа кучиња скитиници

  • News

Заловени десет кучиња скитници во Делчево во рамките на акцијата за заловување кучиња-скитници која денеска ја спроведе Ветеринарната станица од Виница на барање на Општина Делчево. Како економски оператор со кој Општина Делчево потпиша договор по претходно спроведена јавна набавка за услуги за заловување, интервенции и хуман третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња затекнати на јавна површина без присуство на сопственикот, Ветеринарната станица од Виница е должна да изврши заловување, прифаќање и третирање на кучиња – скитници во Општина Делчево, по претходно  писмено барање и во присуство на службени лица вработени во Општина Делчево, со комплетна евиденција за секое фатено куче и извештај доставен до Општината, а согласно позитивните законски прописи од оваа област.

Економскиот оператор согласно договорот има право да врши испитувања и дејствија врз кучињата, а согласно Законот за заштита и благосостојба на животните: заловување и чување на регистрираните и нерегистрираните кучиња; лабараториско испитување за заразна болест лајшманиоза; овариохистеректомија (стерилизација) на кучиња – женки; орхиектомија (кастрација) на кучиња – машки; идентификација и регистрација – обележување со микрочип и ушни маркички со изработка на досие; вакцинација против беснило и дехелментизација со средство кое делува против ехинококоза; тест за социјализација на куче и еутаназија.

Во случај на заловување на регистрирани кучиња на територијата на Општина Делчево економскиот оператор (ВЕТЕРИНАРНА СТАНИЦА ДООЕЛ Виница) е должен сам да стапи во контакт со сопствениците и трошоците за третман да ги наплати од самите сопственици.

Вредноста на договорот изнесува 500.000,00 денари без вклучен ДДВ, парични средства кои се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2023 година.

Shares