Во склоп на програмата за чествување на 9 Мај – Денот на Европа во конгресната сала на СОУ „М.М.Брицо“ под мотото „Да се слушне гласот на младите како да се биде европски граѓанин“ се одржа настан на кој под формата на ораторски говор учество зедоа учениците од ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“ и СОУ „М.М. Брицо“.
Учениците своите говори ги имааа подготвено на македонски, англиски, германски , француски и италијански јазик. Тема на која зборуваа е историјата и значењето на Европската унија, целта со која е создадена ЕУ, предизвиците со кои се соочуваат младите и нужната потреба на нашата држава што поскоро да стане дел од семејството на ЕУ.
Денешната Европска Унија потекнува од Декларацијата на Роберт Шуман од 9 мај 1950 година. Таа беше замислена како начин за сочувување на мирот т.е. како еден нов поредок во Западна Европа што би се темелел врз заеднички интереси на народите и нациите и би бил заснован врз договори со кои би се гарантирало владеење на правото и еднаквост меѓу сите земји.