Денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“ се одржа тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево исценирана со симулација на пожар и евакуација на повредени лица од зградата на училиштето.
По дојавата за пожар во основното училиште, ТППЕ Делчево реагираше со 11 пожарникари, со три противпожарни возила и професионална скала за противпожарни интервенции на високи објекти при што беше изганснат пожарот, евакуирани децата и вработените во училиштето, а беше извлечено и повредено лице од објектот.
Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата.
Изминатиот период, во континуитет работевме за да ја подобриме опременоста на единицата, но и условите за престој на пожарникарите. Обезбедивме и ново противпожарно возило, донација на две противпожарни возила како и опрема за лична заштита на пожарникарите, што значи дека на нивната професионалност додаваме битен елемент за нивната лична заштита.
Views: 654