Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, во крстилницата „Св.Наум“која е дел од црквата во изградба „Св. Кирил и Методиј“, се одржа Света божествена литургија на која чиноначалствуваше владиката Иларион, по што следуваше Света литија до новата црква параклис „Св.Климент Охридски“, каде беше извршено кршење на славскиот колач.
Во рамките на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ вечерва со почеток во 20 ч ќе се одржи концерт на труба и пијано во изведба на Благојче Ристов и Трајан Митев (Фоаје на Спомен-дом АСНОМ), а в сабота од 20ч во киносалата ќе биде прикажана драмската претстава „Самоубиство во самоодбрана“ во режија на Марјан Анѓеловски и Александар Јовановски.
Додека, наградите од наградниот литературен „Бисерот од школката на Кирил и Методиј“ во организација на ЈЛБ „Илинден, ООУ „ Св. Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ ќе бидат додделени на 25 мај.