Екипи на ЈКП „Брегалница“ и на ТППЕ Делчево деновиве интензивно работеа на санирање на последиците од невремето коешто го зафати на Делчево на 8 јуни.
Изминативе денови ТППЕ Делчево вршеше испумпување вода од дворовите и подрумските простории во населба „Пролет“, во погоните на АД Фротирка-Компани, Фондот за здравство, на ул „Маршал Тито“, крак од бул „Македонија, ул „Рударска“, ул „Никола карев““,„Кирил и Методиј“, ул „Григор Прличев“, „Крушевска„, ул „Индустриска“ и други објекти. Исто така, се вршеше прочистување на атмосферската и канализациската мрежа и перење на улиците „Маршал Тито“, „Царевоселска“. Интервенциите се вршеа со соодветна опрема и 12 пожарникари
ЈКП „Брегалница“ со две градежни машини, 2 трактори, камион, комунални возила интензивно работеа на расчистување на последиците од невремето. Екипите работеа на расчистување на наносите од камења, песок и кал; оспособување на патиштата за непречено одвивање на сообраќајот во населба „Пролет“, бул. „Македонија“, ул. „Индустриска“, ул. „Царевоселска“, ул. „М. Тито “ и локален пат с. Габрово, локален пат с. Полето.
Исто така, се работеше на:
– расчистување на сообраќајниците од наноси од камења, кал и песок во Први и Трети Реон,
– отстранување на наносите од кал и песок на ул. „М. Тито“, ул. „Царевоселска“ и бул. „Македонија“,
– отстранување на наноси од ул. „Острец“
– отстранување наноси од река Габровчица, рачно отстранување на наносите од кал и песок на бул.„Македонија“ и ул.„М. Тито“, машинско отсранување на наносите и чистење кал спроти хотел „Македонија“,
– чистење на корито на одводен канал кај Трети Реон од мостот на ул.„М.Тито“ до река Брегалница,
– чистење одводен канал во населба „Таушанско Маало“, кај ул.„8 Септември“ и ул. „4-ти Јули“,
– отстранување на наноси од повеќе улици во Први и Трети Реон,
– чистење на коритото на исцеден канал кај Трети Реон од мостот на ул.„М.Тито“ до река Брегалница,
– чистење одводен канал Први Реон до река Брегалница,
– отстранување наноси и оспособување за непречено одвивање на сообраќајот на локален пат с. Полето,
– санирање на три пропусти и отстранување наноси од водотеци во с. Габрово,
– санирање атмосферски канал на паралелна улица со бул. „Македонија“,
– собирање комунален отпад нанесен од невермето на бул. „Македонија“,
– чистење на наносите од новите врнежи на ул. „М. Тито“ и ул. „Царевоселска“,
– чистење решетки на ул. „Царевоселска“,
– чистење атмосферска канализација на ул. „Кеј на Брегалница“.
– чистење на коритото на одводен канал кај Втори Реон од мостот на ул.„М.Тито“ до река Брегалница,
– чистење на одводниот канал во населба „Таушанско маало“ кај ул.„8 Септември“ и ул. „4 Јули“,
– отстранување на наносите од повеќе улици во Први и Трети реон,
– приспособување проток на сообраќај кај месноста Студена чешма,
– отстранување на наносите на ул. „Голачка“, воедно и чистење на водоводната каналицација,
– отстранување на наносите на ул. „Разловечко востание“ и
– отстранување на наносите на ул. „Вера Јоциќ“.
– интервенција со градежна машина поради новите врнежи од дожд во населба Пролет
– чистење на канализациските шахти на ул. „Григор Прличев“,
– Чистење на канализациските шахти на ул. „Кирил и Методиј“ и
– Отстранување на дефектот на главната водоводна линија во с. Град.
– отстранување наноси на патот од градски гробишта до манастир „СВ. Богородица Балаклија“,
– чисење на одводните шахти од атмосферска канализација на ул. „М. Тито“ и
– изнесување на наносите од ул. „Вера Јоциќ“.
– отстранување на наносите на ул. „Генерал Темпо“,
– чистење на одводните решетки на ул. „Индустриска“ и
– отстранување на наносите од одводен канал во круг на АД „Фротирка“
Екипи од водовод работеа на: отстранување на 2 дефекти на водоводни линии, како и на испумпување на водата од поплавени објекти во населба „Пролет“, ул. „Царевоселска“, Центар за дијализа и др. објекти.
Инаку, Комисија за проценка на штетите на терен врши увид на пријавените штети од граѓани, а досега до Општина Делчево се пристигнати 95 пријави за штети од невремето.