Во Делчево се спроведе авионското третирање против возрасни комарци

  • News

Во раните утрински часови се спроведе авионското третирање против возрасни комарци на територијата на Општина Делчево. Прскањето се вршеше со еколошкиот препарат CICERON 2.ULV кој е широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови. Прскањето го вршеше лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, избрана по претходно спроведена тендерска постапка.
Во Делчево се третираше површина од 300 ha, односно на локации по речното корито на Брегалница, централно градско подрачје до езеро „Сандански“, реони и населби во градот и поширокиот опфат на Општината.
Општина Делчево секоја година врши соодветно третитрање на вектор-преносителите на заразни болести, а активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести.
Shares