Се одржаа традиционалните „Голачки фолклорни средби“

  • News

Синоќа во Делчево се славеше фолклорот и традицијата во рамките на 28-то издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Голачки фолклорни средби“. На летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ настапија 9 фолклорни и пејачки друштва од земјава и од соседните земји, Србија и Бугарија.

За градоначалникот Горан Трајковски кој го отвори фестивалот, во Делчево фолклорот обединува, но и го чува живото наследство и традицијата.

-Тоа е таа нишка која нè идентификува и нè обележува низ вековите. Традицијата е таа која имаме обврска да ја чуваме и промовираме и да не дозволиме под влијание на новото време да се заборави и да се изгуби. Но, имаме и обврска кон зачувување на општото добро за сите граѓани, во таа смисла и зачувување на шумите, како наше најголемо богатство. Затоа, и оваа година, од безбедносни причини со цел заштита на шумата на Голак, почитувајќи ја актуелната забрана за движење во шумите, фестивалот го одржуваме во Делчево. Локацијата не го намалува значењето на фестивалот, напротив, докажуваме дека кога е фолклорот во прашање, сите локации се соодветни, бидејќи целта ни е една -да ја продолжиме традицијата, рече Трајковски.

Фестивалот се организираше од Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Shares