Започна реконструкцијата на регионалниот пат за с. Разловци

  • News, Projects

За прв пат од изградбата се врши реконструкција на регионалниот пат кој води до најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци. Екипи на ЈП за одржување регионални и магистрални патишта деновиве започнаа со градежните работи за реконструкција на овој пат, а реконструкцијата предвидува санација и поставување нов асфалт во должина од 10 км.

Градоначалникот Трајковски денеска направи увид во работите при што истакна дека реализацијата на овој регионален пат е одговор на барањата на жителите од с. Разловци.

-Регионалниот пат за с. Разловци беше во многу лоша состојба и  горлив проблем за жителите повеќе од 20 години. Ме радува фактот што ЈПДП ги слушна нашите барања и одговори конкретно со вредна инвестиција од 50 милиони денари. Со реконструкцијата, жителите ќе добијат современа патна инфраструктура што ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот. Сакам да напоменам дека минатата година со средства од МТВ го изградивме и локалниот пат Делчево-Тработивиште во должина од 5 км што има големо значење и за поврзаноста на с. Разловци со градот Делчево. Ова е уште еден доказ за нашата посветена работа и доказ дека работиме плански и по приоритети, рече Трајковски.

 Реконструкцијата на регионалниот пат за с. Разловци е вредна 50 милиони денари средства преку програмата на ЈПДП, а градежните работи ги извршува ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

Од ЈП за одржување магистрални и регионални патишта информираат дека поради работите на патот ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се апелира до учесниците на сообраќајот на внимателно возење и почитување на сигнализацијата на патот.

Shares