Се асфалтира паркингот кај новиот градски пазар

  • News

Започна асфалтирањето на паркингот и новата улица покрај новиот градски пазар. Согласно со проектот се асфалтираат 3.500 м2 паркинг, како и улицата 6.1, со цел кружно сообраќајно поврзување. Вредноста на работите е околу 5 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево. Работите ги изведува ОСД КИРИЛ.

Со овие градежни зафати, комплетно се решава инфраструктурата и сообраќајната комуникација на новиот градски пазар. Претходно, на оваа локација се изгради и новата улица 3 која го поврзува пазарот со улицата кај пешачкиот мост и детската градинка и овозможува современ сообраќаен пристап со потребните такси и автобуски стојалишта.

Shares