Утре одете пешки, со велосипед или тротинет на работа, до училиште или на која било друга кратка дестинација со цел Делчево да даде свој придонес во намалување на загадувањето од автомобили и промоција на возилата за микромобилност, со што се вклучуваме во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили, 22 Септември.
За таа цел, во организација на Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево се планирани неколку активности преку кои се врши промоција на овој начин на транспорт за кратки патувања во населените места и унапредување на нивната безбедна употреба преку едукација, а во рамки на кампањата за мобилност и безбедно учество во сообраќајот. Активностите е планирано да се реализираат во градскиот парк во Делчево на 22 септември со почеток од 11:00 часот, а се однесуваат на:
- Возење на полигон за велосипеди за деца од V, VI и VII одделение;
- Трка со тротинети за деца 5 – 6 год. (предшколска возраст) и III и IV одд.;
- Едукативно катче каде е предвидено боење во боенки на тема „Микромобилност“ (предшколска возраст и I и II одделение);
- Цртање на тема „Патувам безбедно со тротинет и велосипед“ (со креди и боички)предвидено за предшколска возраст и I и II одделение.
За да го поддржиме овој ден и со личен пример and одговорност да им покажеме на најмалите учесници во сообраќајот дека патувањата на кратки реалции може да се извршуваат и со друг вид превозни средства освен автомобилите, Ве повикуваме на овој ден да патувате со алтернативните начини на превоз: велосипед, тротинет или пешачење.
Пешаците, возачите на велосипед и тротинет припаѓаат во групата на ранливи учесници во сообраќајот и затоа Општина Делчево и ОСБСП Делчево АПЕЛИРА до возачите на моторни возила одговорно да учествуваат во сообраќајот и да се движат со зголемено внимание и намалена брзина покрај овие учесници во сообраќајот.
Секоја година на 22 Септември во светот се одбележува Светскиот ден без автомобили (World car free day) со најразлични активности преку кои се поттикнуваат луѓето да се откажат од автомобилите еден ден и за своите патувања да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, велосипед или пешачење.
Овој ден се одбележува и во рамки на Европската недела на мобилност која е иницирана од страна на Европската комисија и се спроведува како кампања во периодот од 16 до 22 септември секоја година со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и промовирање алтернативни и иновативни решенија за урбан транспорт (намалување на загадувањето и унапредување на квалитетот на живот). Оваа година темата на Европската недела на мобилност е: „Се движиме квалитетно – штедиме енергија“.
Да се потсетиме како безбедно да управуваме со велосипед, велосипед со помошен мотор и тротинет:
|