Како дел од регионалниот пат за с. Разловци, се асфалтираа улици и селскиот плоштад во село Тработивиште со што се одговори на барањата на жителите од ова село за санација на критичната патна инфраструктура на најфреквентните улици во с. Тработивиште кои водат за Разловци. Со оваа интервенција завршува асфалтирањето на регионалниот пат за најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци, планирано за оваа година. Во рамките на реконструкцијата покрај регионалниот пат беа опфатени и селските плоштади во двете села, Разловци и Тработивиште, а согласно најавите од ЈП за одржување регионални и магистрални патишта, наредните денови ќе се работи на доизградба на банкините покрај патот.
Реконструкцијата на регионалниот пат за с. Разловци е вредна 50 милиони денари средства преку програмата на ЈПДП, а градежните работи ги извршува ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.
Инаку, од ЈП најавуваат продолжување на реконструкцијата на регионалниот пат и наредната година при што се најавува реконструкција на уште 1.600 метри од патот со што овој патен правец ќе биде и комплетно реконструиран.