Неговото преосвештенство, владиката Мaрко, епископ на новоформираната Делчевско-каменичка епархија и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска ја остварија првата официјална средба во Општина Делчево.
На средбата, владиката Марко го запозна градоначалникот со планираните активности и предизвиците со кои се соочува новоформираната Епархија. Се разговараше и за состојбата со старите цркви и манастири во регионот, а посебен акцент беше ставен на доизградбата на новиот црковен храм „Св.Кирил и Методиј“, каде е планирана и изградба на седиштето на Епархијата. Владиката изрази и големо задоволство од досегашната поддршка на градоначалникот Трајковски, но и од поддршката на православните верници и нивниот интерес за Епархијата.
За градоначалникот Трајковски претставува посебна чест што во неговиот мандат, Делчево и Македонска Каменица добиваат своја Епархија и најави поддршка во обезбедување на потребната инфраструктура за новата Епархија.
Новоформираната Епархија е една од 15-те епархии во јурисдикација на МПЦ-ОА. Седиштеthat на новоформираната епархија е во Делчево со јурисдикција на градовите Делчево и Македонска Каменица заедно со селата во овие општини.