Започна реконструкција на ул „Острец“ која е главна сообраќајница во населбата Трети Реон. Реконструкцијата ќе се одвива по целата должина на улицата од 600 м., а опфаќа гребење на стариот асфалт и поставување нов асфалт со што жителите од населбата ќе добијат современа сообраќајница со подобрена безбедност на учесниците во сообраќајот, но и ќе овозможи соодветен пристап на противпожарни и амбулантски возила со што се одговара на приоритетите на жителите од населбата, но и на сите граѓани.
Вкупната вредност со ДДВ на овој проект е 3.169.333 ден. Од нив, МТВ преку Стратегијата и Декадата на Ромите инвестира 931.973 ден, а Општина Делчево 2.237.360 ден.
Реконструкцијата на улицата е финална фаза од градежните работи кои се изведуваа во оваа населба. Претходно на ул „Острец“се реконструираше и критичната кривина на улицата која денес е со проширен коловоз, тротоари, потпорен ѕид, изградена е атмосферска канализација, а овој дел од улицата има и соодветно сообраќајно обележување. Исто така, претходно на овој реон од Делчево беше извршена и реконструкција на водоводната мрежа и замена на старата мрежа со пвц-инсталации во должина од 400 м.