Седумдесет и девет ученици од двете основни училишта од Делчево на возраст од четврто до шесто одделение се натпреваруваа на првиот натпревар по краснопис кој беше во организација на ЈЛБ „Илинден“ . Од нив најдобри беа: Сандра Николовска која го освои првото место, Ели Китановска, второто место и Изабела Начовски третото, а сите учесници на натпреварот добија благодарници за учество.
Во време на дигитализација, користењето социјални мрежи, англинизмите и латиничното писмо, скратеници и употреба на бројки наместо букви го стави ракописното пишување во втор план и, како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, целта на натпреварот е учениците да сфатат дека треба да внимаваат при ракописното пишување и да се обидат да го преферираат краснопсисот.
–Од тие причини, организирање натпреват по краснопис имаше повеќе од оправдани причини. За среќа, во Македонија ракописното пишување е обврска на учениците кои уште во прво одделение учат да ги препознаваат буквите, но и да ги пишуваат. Но, честото седење пред компјутер, пишување со помош на тастатура, таблет и телефон, секако, дека оставаат последици и врз нашите ученици. Учениците не внимаваат на краснописот, на интерпукциските знаци, пишуваат споено, употребуваат скратеници и бројки, место букви. Од тие причини, организирање натпреват по краснопис има повеќе од оправдани причини, заклучи Петровска.
Учениците ги оценуваше Комисијата за избор во состав: Даниела Георгиевска-библиотекар во ЈЛБ„Илинден“, Валентина Данвска, наставник по македонски јазик и библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“ и Габриела Димнитровска-наставник по македонски јазик во ООУ ,,Ванчо Прке“.