Продолжува санацијата на оштетената инфраструктура од невремето

  • News

Се санира критичниот дел од улицата „Пере Тошев“ кој беше оштетен од невремето проследено со поплави што го зафати Делчево. Санацијата опфати гребење и поставување нов асфалтен слој на улицата која се спојува со булевар „Македонија“ , а се санираше површина од 111 м2. Со оваа интервенција се нормализира собраќајот на овој дел од улицата која поврзува дел од населбата Милково Брдо со индустрискиот дел од градот.

Средствата за санација на улицата се обезбедени од Буџетот на Општината и од донаторската сметка на Општина Делчево.

Во рамките на овој инфраструктурен пакет, ќе се санираат и оштетените коловози на улиците „Браќа Миладинови“ со опфатена површина од 341 м2 и улицата пред Здравствениот дом со површина од 434м2.

Работите ги изведува економскиот оператор ОСД КИРИЛ од Скопје.

Shares