Општина Делчево ги информира граѓаните дека на ден 04.12.2023 година (понеделник), со почеток од 09 часот ќе изврши дератизација на градската канализациска мрежа против гливци, други глодари, влекачи и други животни кои се потенцијали преностители на заразни заболувања.
Оваа мерка е согласно Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања, а ја спроведоа стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Кочани, ПЕ Делчево, ЈПК „Брегалница“ Делчево и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општината.
Според предвидените параметри, за успешно справување со овој тип преносители на заразни заболувања, ќе се третираат 80 канализациски шахти со 40 кг. посебно средство за неутрализирање на преносителите.