Се конституираше Советот за социјална заштита

  • News

Советот за социјална заштита ја одржа Конститутивната седница на која со консензус го избра новото раководството на Советот формиран на последната Седница на Советот на Општина Делчево чиј мандат е 4 години. За претседател на Советот за социјална заштита е избрана професорката Весна Димитровска, Влатко Митев е заменик- претседател и Сузана Петровска за секретар на Советот.

Ова е втор состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево, откако на претходниот состав им истече мандатот. Надлежностите на Советот се во насока на подобрување на состојбата на ранливите категории граѓани, следење на состојбата, преземање локални мерки и активности на полето на социјалната заштита, а воедно изготвува Социјален план за подрачјето на Општина Делчево, Годишна програма за социјална заштита, која ја донесува Советот на Општина Делчево по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика на РСМ.

Во вториот состав на Советот за социјална заштита на Општина Делчево, членови се претставници од Општина Делчево, ОВР Делчево, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална заштита, НВО-секторот и образовните институции и верските заедници:  Suzana Petrovska, претставник на Општина Делчево, Марија Аџиска, претставник на ОВР Делчево,  ПС- ОН Делчево, Kristina Aralampievska, претставник на Основно јавно обвинителство Делчево, СпецДр Љупка Калаџиска , претставник на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев„ Делчево, Vlatko Mitev , претставник на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи ДелчевоСања Костадиновска претставник на Центар за вработување Делчево, Vesna Dimitrovska, претставник на СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, Mariana Stoimenovska, претставник на ООУ „Ванчо Прке„ Делчево, Verica Boinska, претставник на ООУ „Св.Климент Охридски„ Делчево, Biljana Georgievska, претставник на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Делчево, Александар Николов, претставник на ЗГ „БРАВУРА КООПЕРАТИВА„ Делчево, Санела Момчилов, претставник на НВО КХАМ Делчево, Бети Толевска , претставник на Организација ЖЕНА Делчево, Презвитер Милан Ничевски, претставник на Делчевско – Каменичка епархија Оџа Сефадин Селимовски, претставник на Исламска Верска Заедница Џамија „Фатих Мехмед II„ Делчево.

Shares