Избран новиот состав на Локалниот младински совет

  • News

Локалното собрание на млади на непосредни избори со тајно гласање ги избраа членовите на новиот Локалeн младински совет. Согласно со постапката, Локалното собрание претходно имаше распишано Јавен повик за членови на Локален младински совет на кој можеа да се пријават младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои имаат активности на територијата на Општина Делчево под услов  номинираните членови  да се жители на Општина Delchevo и да се на возраст од 15 до 29 години. Од вкупно номинираните седум кандидати за членови на Локалниот младински совет беа избрани:

1. Сара Ангелова – СОУ М.М.Брицо Делчево

2. Искра Георгиевска – Ромски културен и едукативен центар „Тернипе МК“ Делчево

3. Вања Георгиевска – КУД „Гоце Делчев“ Делчево

4. Анастасија Такева – Организација ЖЕНА Делчево

5. Ана Мавродиева – Регионален центар за застапување Делчево

Мандатот на членовите на Локалниот младински совет ќе биде дополнително верифициран од Советот на Општина Делчево и тој е со времетраење од две години со право на уште еден избор.

Shares