Се осветија водите на Брегалница во Делчево

  • News

Со традиционална свечена црковна церемонија и во присуство на стотици верници, денеска се осветија водите на река Брегалница во Делчево. Борче Мирчевски беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката Брегалница.

Традиционално, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на среќниот фаќач на светиот крст му доделува парична награда во износ од 10.000 денари.

– Традицијата поврзана со денешниот ден е една од најзначајните и таа живее со векови и нè обединува потврдувајќи ја силата на нашата жива вера. Тоа е голем празник во сите храмови, посебно во Делчево, каде чинот на осветување на водите на реката Брегалница, вообичаено, собира илјадници верници кои сведочат на осветувањето на водите и носи благородна порака за Божјата благодет, прочистување, оптимизам, надеж и верба во доброто, совршеното, чистото. Упатувам честитки на нашиот сограѓанин кој успеа да го фати светиот крст од студените води на Брегалница и му посакувам да го следи среќа и него и неговото семејство, а да донесе среќа и бериќет на целиот наш град. Нека е за многу годиниsaid Trajkovski.

Среќниот фаќач на крстот традиционално доби подарок од делчевската црква. На среќниот Борче Мирчевски, владиката Марко му подари икона, библија и крст, додека годинава традиционалната награда од општествено одговорната компанија „Зегин“ е вредносен ваучер од 14.000 ден  од „Техномаркет“.

Свеченоста по повод денешниот верски празник, Водици, започна утрово во црквата „Успение на пресвета Богородица“, where се одржа свечена богојавленска литургија со која чиноначалствуваше неговото преосвештенство епископ г-ин Марко.

Shares