По повод одбележувањето на 148-годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево, организира пригодна свеченост на 20 мај 2024 (понеделник) во с. Разловци со следната програма:
- 08:15ч. –Планинарски марш с.Тработивиште-Светите води-с.Разловци, зборно место од паркингот пред Спомен-дом АСНОМ
- 10:30 ч почеток на манифестацијата во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“
- положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан;
- културно-уметничка програма.
По тој повод, се покануваат сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред спомен-плочата на поп Стојан.