Oфицијалeн почеток на активностите во рамките на проектот Паментен дигитален градски пилот проект

  • News

Денес во рамките на проектот за Паментен дигитален градски пилот проект: Иновативен систем за нега на постари лица- Далечински мониторинг на пациентите и дијагностика во општина Делчево, во просториите на ПЗУ Мулти медика- Делчево од страна на Македонски телеком АД Скопје, беше доставена и монтирана опремата која е дизајнирана да ги поддржува здравствените работници и давателите на социјална поддршка за постари и изнемоштени лица со прецизно следење на пациентите во реално време, обезбедувајќи највисок степен на грижа.

По инсталирањето на опремата, од страна на стручни лица беше спроведена обука за матичниот лекар како и за давателите на услуги кои ќе бидат задолжени за посета и местење на апаратите кај пациентите (крајните корисници)- стари лица на територијата на Општина Делчево.

Со ова официјално се отпочнува со активностите кои се предвидени во рамките на овој проект чија осносна цел е иновативност на услугите за грижа за постари лица со воведување на паметно, дигитално решение. Системот ќе го олесни далечинскиот мониторинг на пациентите и дијагностиката, особено насочен кон постарите граѓани во оддалечените области на општината. Проектот ќе биде од корист за најмалку 50 до најмногу 200 постари граѓани, преку обезбедена опрема за следење на здравствените параметри од дома и овозможува самонабљудување и поддршка на дијагностиката без потреба од физички посети на здравствените установи. Со ова ќе биде подобрен квалитетот на социјалните здравствени услуги на постарите граѓани, координацијата помеѓу локалните институции кои обезбедуваат услуги за нега на стари лица како и решавање на недостатокот на примарни здравствени услуги во далечните области за време на непогодни услови или при неможност за движење.

Буџетот на овој проект изнесува 30.000 ЕУР, донација од Австриска Агенција за Развој, а проектот се спроведува со помош на проектните партнери НАЛАС и КДЗ.

Shares