Сообраќајно едукативно предавање во Здружението на пензионери во Делчево

  • News

Во рамки на кампањата ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО во организација на Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, денеска се реализираше сообраќајно едукативно предавање со пензионерите во Здружението на пензионери во Делчево.

Целта на ова предавање беше да сепотсетат повозрасните граѓаниза важноста од одговорното учество во сообраќајот како пешаци и возачи, ризиците од непочитувањето на правилата и прописите, но и на последиците од неодговорното учество во сообраќајот преку презентирање на податоци за случени сообраќајни незгоди. Посебен акцент беше ставен на употребата на сигурносните појаси во возилото од страна на возачот и сопатниците, ограничувањата на брзината во населените места, ризикот од употребата на алкохол и управувањето со возило, прописното паркирање, употреба и користење на јавниот број 112 во итни ситуации, учеството во сообраќајот како пешаци и нивна самозаштита. На присутните им беаподелени и флаери со едукативна содржина кои беа обезбедени од страна на РСБСП.

Согласно анализата на сообраќајни незгоди за 2023 година за подрачјето на Општина Делчево лицата во старосната категорија 65+ припаѓаат во ранливата категорија на учесници во сообраќајот каде 2 лица од оваа старосна категорија го имаат изгубено животот, а 3 лица се здобиле со тешки телесни повреди. Согласно старосната структура на возачите кои учествувале во сообраќајните незгоди 10% припаѓаат на групата 65+, а 14% припаѓаат на групата 55-64 години.

Оваа активност е дел од мерките за безбедност на патиштата предвидени во Стратегијата за безбедност на патиштата на Општина Делчево 2023-2027 година во идентификуваната категорија – лица постари од 65 години.

Shares