Во рамки на проектот „Направи Разлика“ чија имплементација со локални активности се спроведува и во Општина Делчево, во наредниот период ќе се реализира активноста „Опремување и осветлување на Градскиот парк во Делчево“.
Иницијативата за ваква активност произлезе од членовите на Младинска Банка Делчево поддржани од Колеџот на заедницата Делчево. Активноста опфаќа набавка и монтажи на урбана опрема односно клупи. Предвидена е замена на постојните клупи во градскиот парк во Делчево но и поставувње на нови клупи на неколку локации во градот. Во првата фаза од проектот преку набавка спровеена од општина Делчево набавени се 10 стандрадни клупи и 8 клупи со должина д 31 метар наменети за паркот кај паднатите борци и фонтаната „Бесконечност“ во Делчево.
Втората фаза ќе биде реализирана со набавка на дополнителен број на клупи од страна на Здружението Регионален центар за застапување како носител на проектот кој ќе набави уште 48 клупи. Клупите ќе бидат поствени на локации во градскиот парк, и на локации низ градот каде е утврдена потреба од ваков вид на урабана опрема.
Во Младинската Банка Делчево членуваат млади од 15 до 30 години, додека претставници на бизнис секторот и НВО секторот од Делчево се дел од Колеџот на заедницата.
Сите предвидени активности треба да завршат до декември годинава. Проектот е во имплементација на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, а финансиран од USAID.
Views: 628