Општина Делчево на високото второ место според Индексот на отвореност на општините

  • News

Општина Делчево е на високата втора позиција според Индексот на отвореност на општините во Република Северна Македонија за 2024 г. што е подобрување за 3 позиции споредено со мерењето спроведено за 2022. Согласно Индексот на отвореност за 2024 г, Делчево има 66% оствареност на обврските.

Наодите од Индексот на отвореност за 2024 покажаа дека најотворените ЕЛС се: Битола (67%), Делчево (66%), Демир Хисар (64%), Велес (60%), Валандово (59%), Прилеп (58%), Крива Паланка (58%), Берово (58%), Василево (56%), Кочани (55%), Градско (54%), Гевгелија (54%), Охрид (53%), Кавадарци (52%) и Гази Баба (52%), наспроти најзатворените ЕЛС помеѓу кои Сопиште (7%), Кривогаштани (13%), Студеничани (13%), Росоман (14%), Чучер Сандево (15%), Шуто Оризари (16%), Лозово (17%), Боговиње (18%), Ранковце (18%), Врапчиште (19%) и Чаир (19%)

Проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во локалните самоуправи. Трудот дава длабинска анализа на работата на локалните самоуправи во Република Северна Македонија, но и препораки за подобрување.

Просечниот резултат на единиците на локалната самоуправа, според истражувањето за 2024 година изнесува 37 % што претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт во Република Северна Македонија, иако се бележи подобрување од 10% во споредба со анализите од 2022г.

Во однос на планските региони, овогодишните наоди покажуваат дека ЕЛС во Источниот регион се најотворени (43,4%), за разлика од 2022 година каде што најотворени беа ЕЛС од Југоисточниот регион, додека најзатворени и оваа година се ЕЛС од Скопскиот регион (29,2%). Иако во споредба со истражувањето од 2022 година има напредок во сите плански региони, најголем напредок од 14% се забележува во Источниот регион, додека најмал напредок бележат Југоисточниот, Пелагонискиот и Југозападниот Регион од 7%.

Otherwise, pроцената е резултат на спроведеното истражување засновано врз Индексот на отвореност чија цел е да го утврди степенот до кој се почитуваат начелата на доброто владеење, во овој случај на локалната власт во Република Северна Македонија. Индексот на отвореност се заснова на методологијата на Индекс на отвореноста на ЕЛС и е со цел да се измери степенот до кој единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија ги почитуваат начела за добро владеење. Истражувањето го реализираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од владата на Швајцарија преку Програмата Цивика мобилитас“.

 

Shares