Општина Делчево во Сомбор, Србија го презентираше Паметен дигитален градски пилот проект

  • News

На 16 и 17 Октомври во Сомбор, Србија, во рамки на Европската недела на региони и градови на тема „ОТКЛУЧУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ ГРАНИЦИ И МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ ЗА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 6 И МОЛДАВИЈА “ се одржа споредна сесија на ТЕМА 3 – „ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ РАСТ ЗА РЕГИОНИ“, каде што учество земаа и преставници од Општина Делчево.

Специфична цел на оваа сесија беше Подобрување на разбирањето и свеста за придобивките од локалната зелена и дигитална трансформација меѓу локалните власти на Југоисточна Европа  и презентирање на резултатите на BACID III-  проекти во дигитализација.

Со обезбедување на ажурирани информации за достапните иницијативи, декларации и финансирање за локалните власти и преку поттикнување на партнерства со градовите на ЕУ, настанот имаше за цел да промовира активно учество во иницијативите на ЕУ и искористување на заедничките напори на НАЛАС, КДЗ и ЕУ да поддржат дигитализација и размена на искуства, како и ширење информации за тековните иницијативи и програми за финансирање од ЕУ каде што локалните власти од регионот имаат право да аплицираат.

Општина Делчево на овој настан го презентираше Паметен дигитален градски пилот проект: Иновативен систем за нега на постари лица- Далечински мониторинг на пациентите и дијагностика во Општина Делчево, кој е дел од BACID проектите во дигитализација.

Општина Делчево е прва општина во Македонија и една од двете општини во Западен Балкан каде што се спроведува ваков проект.


 

Shares