На покана на Општина Бар, делегација на Општина Делчево присуствуваше на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар.
Во рамки на посетата градоначалникот Трајковски оствари средба со градоначалникот на Бар Душан Раичевиќ на која разговараше за продлабочување на пријателството и понатамошен развој и соработка во сите области.
Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи, при што општините имаат особено важна улога и одговорност.
„Оваа средба е од големо значење за нас и претставува уште еден чекор во зајакнувањето на односите помеѓу нашите општини и развивање на меѓусебната соработка. Ова е можност да споделиме идеи, искуства и визии кои не водат до заеднички цели. Верувам дека преку отворен и конструктивен дијалог ќе ги поставиме основите за нови проекти и иницијативи кои ќе придонесат за развојот на двете општини.
Нека е честит Денот на ослободување на Бар.“, истакна Трајковски.
Во рамки на посетата градоначалникот Трајковски оствари средба и со амбасадорот на Македонија во Црна Гора, г-дин Зекир Рамчиловиќ.
Views: 51