Одржана првата форумска сесија од Буџетскиот форум

  • News

Општина Делчево и оваа година реализира Буџетски форум преку две форумски сесии на кои ќе бидат споделени идеи и иницијативи за нивните потреби во локалната заедница од страна на граѓаните и институции кои постојат и работат во граѓанскиот сектор.

Целта на алатката „Форуми во заедницата“, е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво.

Форумот на заедницата претставува форма на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето одлуки кои се важни за нивниот живот и за самата заедница. Форумот на заедницата ѝ служи на општината да развие транспарентни практики на одлучување со вклучување на граѓаните, но и граѓаните да развијат чувство на одговорност за трошењето на општинските средства. Кај другите форми на учество на граѓаните на крајот одлуката ја донесуваат локалните власти, а граѓаните се консултирани, но нивните предлози не се секогаш прифатени. Кај Форумот, граѓаните заедно со локалните власти ја донесуваат одлуката. Форумите се организираат заради јавно расправање и постигнување согласност на локалната јавност за општинскиот буџет, за приоритетите во документите за стратешки локaлен развој, за утврдување проблеми и решенија за одредени прашања од надлежност на локалната самоуправа, како и за предлагање и избор на проекти или заради развивање проекти од интерес на заедницата.

Форумот како алатка, 13 години е дел од статутот на Општина Делчево  и обврска на Општината за донесување транспарентен буџет за секоја следна година.

Втората форумска сесија ќе се оддржи в петок (06.12.2024), каде присутните ќе можат да предлагаат прироритети за наредната 2025 година.

Shares