Приредба по повод 3-ти Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

  • News

По повод  3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост во организација на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево беше организирана приредба на која учествуваа сите ученици. Со оваа културно-уметничка програма, беше истакната важноста на овој ден и беше испратена порака за поддршка, еднаквост и инклузија.

Учениците преку рецитали, музички точки и драматизации ја покажаа својата креативност и подготвеност да се борат за општество каде сите имаат еднакви можности. Приредбата беше исполнета со насмевки, поддршка и заедничка радост, со цел да се подигне свеста за правата и потенцијалот на лицата со попреченост.

Овој ден е од особена важност за сите нас, бидејќи потсетува дека хуманоста, толеранцијата и емпатијата се темели на кои треба да се гради секоја заедница. Преку вакви активности, ги учиме нашите деца да ги прифаќаат различностите и да бидат поддршка за своите другари.

Беше испратена пораката – Заедно сме посилни во создавањето на свет каде сите се почитувани и прифатени.

Shares