Се одржа втората форумска сесија за креирање на Буџетот за наредната 2025 година на која активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции.
Согласно со гласањето според изработената предлог-листа на приоритети – Обезбедување на просторија и буџет за Младински центар е прв приоритет за граѓаните на Делчево за реализација. Според освоените бодови, се селектираше и листа од приоритетни проекти:
- Обезбедување на просторија и буџет за Младински центар
- Повеќе фин. средства за граѓанските здруженија и спортските клубови
- Пристапни рампи-лифт во ООУ „Ванчо Прке“
- Просторно прашање за ФГ „Копачка“
- Дом за стари лица
- Обезбедување на простор или изградба на Куќа на спортот
- Прочистување на патишта во с. Драмче, с. Селник и с. Ветрен
- Реконструкција и изградба на нови детски игралишта
- Изградба на затворен базен
- Чистење на дива депонија кај река Желевица во с. Тработивиште и уредување на просторот
- Обновување на детско игралиште кај Подрачното училиште во с. Тработивиште
- Изградба на ул. Петрашевска во нас. Стрелиште
Инаку, сите предложени проекти ќе бидат земени предвид и нивната реализација не зависи од ранг-листата туку од техничката изводливост и финансиските капацитети на Општината.
Со одржувањето на третата форумска сесија заврши форумскиот процес за креирање на буџетот за 2025 година на Општина Делчево во кој активно учествуваа граѓаните.
Целта на организација на форумите е граѓанско учество во процесот на донесување на одлуки, во случајот, приоритетните проекти за реализација за наредната година, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети ќе ги предвиди за реализација.