Делчево доби 75 нови клупи за централното градско подрачје

  • News
Заврши замената на старите клупи и поставувањето на нови вкупно 75 метални клупи во централното подрачје на градот.
Новите метални клупи се поставени во градскиот парк, околу новата фонтана и на уште неколку локации каде се утврди потреба од поставување на ваква урбана опрема.
Во првата фаза од проектот во месец септември преку набавка спроведена од Општина Делчево набавени беа 10 стандардни клупи и 8 полукружни клупи со должина од 31 метар наменети за паркот кај паднатите борци и фонтаната „Бесконечност“ во Делчево.
Втората фаза се реализираше со набавка на уште 57 клупи од страна на Здружението Регионален центар за застапување.
Иницијативата за клупите произлезе од членовите на Младинска Банка Делчево чиј локален координатор е Регионалниот центар за застапување, во рамки на проектот „Направи разлика“ имплементиран од Фондацијата за развој на локаланта заедница Штип, финансиран од USAID.
До граѓаните апелираме за совесно користење и чување на оваа урбана опрема.

Shares