Consecrated waters of the river Bregalnica in Delchevo

  • News

Со традиционална свечена црковна церемонија и во присуство на стотици верници, денеска се осветија водите на река Брегалница во Делчево. Леонид Ромовски беше најсреќен и највешт и успеа од дваесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката Брегалница.

Традиционално, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на среќниот фаќач на светиот крст му доделува парична награда во износ од 10.000 денари.

Осветувањето на водите на река Брегалница на овој убав ден е традиција која опстојува и го чува нашиот идентитет и вера. Тоа е традиција која нѐ обединува во вербата и во желбите за бериќет и благосостојба. Овој ден со себе носи порака на прочистување, оптимизам, надеж и верба во доброто, совршеното, чистото. Упатувам честитки на нашиот сограѓанин кој успеа да го фати светиот крст од студените води на Брегалница и му посакувам да го следи среќа и него и неговото семејство, а да донесе среќа и бериќет на целиот наш град. Нека е за многу годиниsaid Trajkovski.

Shares