Доделени награди за најдобрите ученици Роми во Делчево

  • News

По повод Меѓународниот ден на Ромите , 8 Април,  градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, ги додели наградите на најдобрите ученици Роми во Делчево за учебната 2024/25.

Најдобар средношколец од ромска националност во Делчево е Окан Шакиров, ученик во 3-5 клас во СОУ „М.М Брицо“ и тој од Општина Делчево добива парична награда од 10.000 денари. По 5.000 денари добија најдобрите ученици Роми во основното образование: Севги Ибраимова, ученичка во 9 одделение во ООУ „Ванчо Прке“ и Алисија Нарин Мемедова ученичка во 6 одделение во ООУ „Св.Климент Охридски“ ПУ Тработивиште.
Овие парични награди на најдобрите ученици Роми во Делчево се традиционални и претставуваат мотивација на учениците да постигнуваат подобри резултати во образованието.
Ценејќи дека соодветното образование е една од алките кои дава можност за конкурентност на пазарот на трудот и основа за понатамошен индивидуален професионален развој и со цел мотивација за постигнување подобри резултати во образованието кај ромската заедница, традиционално по повод Меѓународниот ден на Ромите, Општина Делчево ги наградува одличните ученици Роми во образовните институции. Верувам дека со успеси во образованието и натпревар во знаења може да се оствари посакуваната цел во животот, рече Трајковски.
Shares