Одделение за финансии, буџет , даноци , јавни дејности и локален економски развој ги врши работите кои се однесуваат на : подготвување на буџетот и завршната сметка како и други акти од областа на финансирањето , изготвува финансиски планови, води евиденција за имотот на општината, поднесува извештаи за состојбите на сметките на општината, ги следи и применува законските прописи од областа на финансиското и материјалното работење, врши пресметка и води евиденција за наплатата на даноците, таксите и надоместоците на подрачјето на општината, со Законот за локална самоуправа врши и други работи кои ке му бидат доверени од страна на Советот и Градоначалникот на општината.