Издавање на лиценца и изводи од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници

Type - Name of the service
Издавање на лиценца и изводи од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници
Required documents

1.Барање до Општина Делчево, Одделение за урбанизам,  заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот/клиент го пополнува
2.Доказ за упис во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај (тековна состојба не постара од 60 дена);

3.Доказ дека превозникот е сопственик на две или повеќе регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила со најмалку 8+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз (копија од сообраќајните дозволи и потврди за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови за возилата );

4.Доказ дека има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила (минимум еден возач по возило) што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата (список на вработени по обврзници не постар од 60 дена и М1/М2 образци за секој возач одделно);

5.Доказ дека управителот или овластеното лице има сертификат за професионална компетентност;

6.Потврда дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа или безбедноста во сообраќај со затворска казна подолга од една година, за правното лице и управителот во правното лице, не постара од 60 дена (од Основен суд).

7.Потврда од надлежен суд дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со затворска казна подолга од една година,  за правното лице и управителот во правното лице, не постара од 60 дена;

8.Изјава за користење на личните податоци во текот на постапката (дадена во прилог на барањето).

Administrative tax

Кон барањето се приложува уплатница во износ од 6000,00 денари, цел на дознака – aдминистративна такса  за лиценца за општински линиски превоз на патници, назив на примачот – Трезорска сметка, банка на примачот – Народна  банка на РМ, сметка – 100000000063095, уплатна сметка – 840 120 03182, приходна шифра и програма – 722315 – 00.

Receipt of the request

Municipal Service Center (MTC)

Place of realization

Одделение за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај

Deadline for realization

Во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето

Manner of submitting the service / document

In a way that the applicant has stated in the request, as follows:

  • лично подигање од  ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • по ПТТ пошта
Deadline for appeal

8 дена од денот на приемот на решението

Legal basis

Закон за превоз во патниот сообраќај, член 8 ( Службен весник на Р. Македонија бр. 68/04 …… бр. 163/18)

Note

Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината