Со општинската администрација раководи Градоначалникот на Општината.
Со Одделението раководи раководител на Одделение. Во случај на отсуство или спреченост на раководителот на Одделението, го заменува стручен државен службеник со највисоко звање во Одделението, кој ќе го определи Градоначалникот.
Со Територијалната противпожарна единица раководи kомандир на ТППЕ. Во случај на отсуство или спреченост на kомандирот, го заменува заменик на kомандирот.
Вкупниот број на вработени и распоредот по звања и работни места го утврдува Градоначалникот на Општината со Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација.