Appeal from Mayor Trajkovski: follow the recommendations of the Ministry of Health

Со цел сочувување на мирната епидемиолошка состојба, Општина Делчево презема низа превентивни мерки со цел спречување на појавата и евентуалното ширење на заразата од коронавирусот. За таа цел, согласно со препораките од Министерството за здравство, Општината воведе  рестриктивни мерки, во смисла укинување на приемните денови, задолжителна дезинфекција на просториите на Општина Делчево, а во текот на вчерашниот ден беше одржан информативен состанок со претставници од месни и урбани заедници со цел да се информираат за новиот начин на работа на Општина Делчево и да се олесни комуникацијата со граѓаните и навремено да се одговара на барањата и потребите на граѓаните. За таа цел, изготвени се соопштенија, каде се јавно објавени телефоните и е-маил адресите на одговорните лица на секторите и одделенијатра во Општина Делчево. Исто така, даден е налог за дезинфекција на училиштата, градинката, и др. јавни објекти, а редовно ќе се мијат и улиците.

Во таа смисла, денеска екипи на Центарот за јавно здравје Кочани извршија дезинфекција на просториите на детската градинка, како и на образовните институции, а од понеделник ќе се врши дезинфекција и во подрачните училишта.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето дадени од Минситерството за здравство

Се апелира до сите граѓани да го намалат движењето во институциите, освен за итни и неодложни работи, движењето надвор од своите домови да го сведат на минимум, единствено за неодложни и итни потреби. Особено да се избегнува посета на угостителски објекти, паркови, отворени и затворени простори со капацитет за собирање на поголема група на луѓе. На сите лица кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да се јават на броеви: Ало докторе 02 15 123; Центар за јавно здравје Кочани  071 373 913.

Shares