The city green market in Delchevo is closing

Времено затворање на зелениот градски пазар, како и на сточниот пазар во Делчево е една од мерките донесени на денешниот состанок на Регионалниот кризен штаб за општините Делчево и М. Каменица. Освен градоначалниците на Делчево и М.Каменица, на состанокот свикан на иницијатива на ЦУК-Делчево, присуствуваа претставници од ДЗС- Делчево, ЦУК-Делчево, РЦГР- Исток, ПС Делчево, ПС М. Каменица, Здравствениот дом „Гоце Делчев“, ОО на Црвен крст Делчево, ТППЕ Делчево, како и претставници од јавните комунални претпријатија од двете општини. Со единствена точка на Дневниот ред, информација и препораки за преземање превентивни мерки за спречување на појавата и заштита од ширење на заразата од коронавирусот, присутните ги дефинираа следните одлуки на Регионалниот кризен штаб:

1.       Да се почитуваат мерките и препораките донесени од Владата на РСМ кои се однесуваат на лицата кои доаѓаат од земјите од висок и среден ризик со кои е предвидено тие да се подложат на самоизолација во рок од 14 дена. Лицата доколку почувствуваат симптоми карактеристични за коронавирусот, да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје;

2.       Сите инститруции да преземат мерки за дезинфекција на работните простории, куќните совети во колективните згради за домување, приватните компании кои вршат превоз на патници за спроведуваат редовна дезинфекција на возилата, да се врши редовна дезинфекција на производствените капацитети и подигање на хигиената на повисоко ниво;

3.       Да се затворат градските зелени пазари во Делчево и М. Каменица;

4.       Редовно да се вршат дезинфекции на улиците и тротоарите во градот и селските населби во двете општини;

5.       Апелираме до граѓаните да не креваат паника, да не прават залихи на храна и да се ограничи бројот на купувачи во маркетите и аптеките.

Инаку, согласно со информацијата од надлежните полициски служби, полицијата контролира 33 лица во Делчево кои се во самоизолација, а во М.Каменица 14 лица. За непочитување на препораките од Владата, полицијата подготвува две кривични пријави за две лица од Делчево. Капацитетите на медицинскиот персонал се во добра кондиција, а за евентуалната потреба за транспорт на пациенти болни од коронавирус, ќе биде ставено на располагање едно болничко комбе, на кое ќе се  врши редовна дезинфекција.

Shares