ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ КОИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ЈАВНИОТ КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТУРИ ЗА ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

Ден, место и начин на тестирање:

Тестирањето на кандидатите кои се пријавиле на Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктури за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година ќе се спроведе во простории (училници) на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево на 11 (четврток) во три групи започнувајќи од 10 ч и три групи од 11 ч.

Тестирањето по групи ќе се врши  со следните термини  и тоа:

 

  1. Протокол за превентивни мерки при тестирање:
  • –              Задолжително носење заштитна маска (КН95) за цело време на тестирањето!
  • –              Одржување растојание од 1,5-2,0 м !
  • –              Задолжително дезинфицирање на рацете при влез и излез !
  • –              Задолжително мерење температура. На лицето со измерена температура 37,2Ц не му се дозволува влез во училницата!

Напомена:

  • Сите кандидати кои ги немат испратено потребните документи во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика најдоцна до 01.03.2021 година, можат да ги достават на денот на закажаното тестирање во затворен плик во просториите каде ќе се врши тестирањето и да ги предаде на присутниот државниот инструктор или на членот на Комисијата.

•             Кандидатите кои ќе се тестират треба да дојдат на денот на тестирање 15 минути порано од предвиденото време за почеток на тестирањето, заради преземање на протоколните мерки за здравствена заштита.

Shares