Во насока на подготовка на општинските програми и Буџетот на Општина Делчево за 2022 година, Општина Делчево го започна процесот на консултации со урбаните и месните заедници со цел определување на приоритетите за решавање за наредната година.
Во таа смисла, се информираат претседателите на урбаните и месните заедници или од нив овластени лица, да одржат состаноци на кои ќе ги определат приоритетите на нивната заедница. Состаноците треба да бидат одржани во согласност со протоколите за заштита од ковид-19.
Изготвените записници со определените приоритети во писмена форма да се достават најдоцна до 30.11.2021г во архивата на Општина Делчево.