![](https://www.delcevo.gov.mk/wp-content/uploads/2022/05/9MAJ1945_2022-1024x382.png)
По повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа,9 Мај, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 9 мај (понеделник) во 10:00 ч пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот.
По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.
Views: 864