Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02) и член 2 став 1 алинеја 7 од Меморандум за соработка бр. 08-823/1 од 04.05.2022 година склучен помеѓу општина Делчево и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Градоначалникот на Општина Делчево објавува:
КОНКУРС
за доделување на 15 (петнаесет) стипендии за упис на студенти на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје
1.Со цел развој и унапредување на образовните процеси, мотивирање студенти за учење и развој, Општина Делчево објавува Конкурс за доделување на 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје кои ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година.
2. Стипендиите се во износ од вкупно 7000 евра и се на товар на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, а ќе се доделуваат на следниот начин: во прва година 1000 евра, а во втора, трета и четврта година по 2000 евра.
3.Стипендиите важат за запишување на следните факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент:
- Факултет за туризам
- Економски факултет
- Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент
- Факултет за менаџмент на човечки ресурси
- Факултет за информатика
4.Услови за доделување на стипендиите
Право за конкурирање имаат сите средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Методи Митевски Брицо“ Делчево, се жители од Општина Делчево и државјани на Република Северна Македонија.
5.Потребни документи за учество на конкурсот
- Барање до Општина Делчево;
- Фотокопија од лична карта или пасош;
- Свидетелства за прва, втора, трета и четврта година од средно образование(фотокопија);
- Диплома за завршено средно образование(фотокопија);
- Дополнителни дипломи од освоени места на државни и регионални натпревари (фотокопија);
- Уверение од УЈП за остварени приходи на родителите или старателите за 2021година или потврда од работодавач за висина на плата на родителите/потврда за невработеност од АВРСМ;
- Изјава за обработка и користење на личните податоци;
- Изјава на кандидатот дека доставените документи се веродостојни и верни на оргиналот .
Изборот на кандидатите ќе го изврши Комисија која е формирана од страна на Градоначалникот на Општина Делчево.
Напомена:
Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани
6.Место и рок за поднесување на документите
Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на Општина Делчево во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје “
Рокот за поднесување на документите е 15 дена заклучно со 03.08.2022 година.
Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 дена од завршувањето на Конкурсот, на огласната табла во Општина Делчево и на ВЕБ – страницата на Општина Делчево.
По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Комисијата или до Градоначалникот на Општина Делчево.
Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Mayor
Горан Трајковски