Соопштение за буџетски форум

Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на првата форумска сесија којашто ќе се одржи на 14.11.2022 (понеделник) во мултифункционалната сала во Спомен- дом АСНОМ, Делчево со почеток во 11.00 часот.

Преку буџетскиот форум жителите на Општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на Буџетот на Општина Делчево за тековната 2022, но и да даваат предлози за планирање на Буџетот за следната, 2023 година. Воедно, присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од Буџетот за подобар развој на општината.

Целта на алатката „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Присуството на жителите, претставниците од месните и урбаните заедници, здруженијата на граѓани, бизнис -зедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџетот на Општина Далчево за наредната година.

Shares