Соопштение за доставена Одлука до ЕВН-КЕЦ Делчево

Општина Делчево ги информира граѓаните дека Одлуката за ослободување од плаќање комунална такса за користење и одржување на јавното осветлување, донесена на 21 Седница на Советот на Општина Делчево одржана на 13. 03. 2023 со која се определува кои иматели на електрични броила за мерење електрична енергија без јавно осветлување се ослободуваат од плаќање,  е доставена до ЕВН-КЕЦ Делчево на 16 март 2023 година.

Согласно со Одлуката are ослободуваat од плаќање комунална такса за користење и одржување јавно осветлување имателите на електрични броила за мерење електрична енергија без јавно осветлување во следните населени места:

Драмче без Димовско Маалос. Петрашевецс. Киселицас. Илиовос. Туријас. Вратиславцис. Косово Дaбјес. Селникс. Ветренс. Црквенецс.Бигла без Бумбарско Маало, место викано Долни Бавчиместо викано Бакина Ливада, место викано Брежје (Потег од место викано „Маnастирски ендек” кон место викано Брежје”).

Согласно со Одлуката се ослободуваат од плаќање комунална такса за користење и одржување на јавноthat осветлување имателите на електрични броила за мерење електрична енергија без јавно осветлување лоцирани и поставени на земјоделско земјиште вон мрежата за јавно улично осветлување и придружни објекти во земјоделски површини вон мрежата за јавно улично осветлување. Доколку во наредниот период се постави систем за јавно осветлување, имателите на објекти на споменатите населени места ќе бидат дополнително задолжени со наведената такса.

Shares